На мастерсот во Индијан Велс, Александер Зверев со пресврт го победи Де Минаур, додека Јаник Синер лесно во два сета го победи Шелтон за пласман во четвртфиналето.
Зверев го загуби првиот сет со 7-5, но потоа играше многу посигурно, ги доби следните два сета со 6-2 и 6-3 и го доби дуелот со 2-1 во сетови.
Во четвртфиналето Зверев ќе игра против Алкараз кој со лесни 2-0 беше подобар од Марешан.
Чехот, Лехечка направи изненадување откако го елиминираше Циципас со 2-0 во сетови, 6-2 и 6-4.
Следниот предизвик ќе му биде потежок, ќе игра против Синер кој го совлада Шелтон со 7-6 и 6-1.