Напаѓачот на Ипсвич, Меколи Бон го постигна голот на викендот, а можеби и месецот во Англија.
Имено, тој на дуелот со Шефилд (1:1) постигна гол кој ретко се гледа на фудбалските терени. Секако, најголема „заслуга“ за овој гол има голманот на гостите Пикок Фарел, кој ја пушти топката од рацете без да разгледа околу себе, а домашниот напаѓач му се криеше зад грб.
Бон овозможи акција на својот тим по која постигнаа гол за конечни 1:1.