Сите голови на натпреварот беа постигнати во првите 45 минути. Вернер ја најави победата со голот по пет минтуи игра.
„Петлите“ беа во одличен налет и успеаја да ја удвојат предноста, а стрелец беше Пепе Мата Сар во 25. минута. Двата гола беа креирани од охриѓанецот Кулушевски. До крајот на полувремето Сити се врати во игра со голот на Матеус Нуњес, но тоа беше сѐ што стори четата на Пеп Гвардиола и тој резултат од 2-1 на крајот се покажа како конечен.