Пол Погба и официјално стана нов играч на Јувентус. Францускиот репрезентативец се враќа во клубот од кој си замина во 2016 година.

Кога во 2016 година замина од Јувентус во Манчестер Јунајтед за тогаш рекордни 105 милиони евра, Пол Погба очекуваше големи работи, а тоа го очекуваа и во Манчестер Јунајтед.

Сепак, не одеше се како што се очекуваше, Погба со текот на времето имаше осцилации во настапите, беше во конфликт со Жозе Мурињо, имаше и повреди, односите беа нарушени и се очекуваше разделба, во некои моменти беше вистинска агонија за сите страни.

Откако беше потврдено дека Погба го напушта клубот, имаше значителен број заинтересирани за негово доведување, а на крајот победи Јувентус.

Интересно, првиот пат кога Погба го напушти Манчестер Јунајтед во 2012 година, се пресели во Јувентус, таму беше четири години, а потоа се врати во Манчестер Јунајтед, од каде сега повторно оди во Јувентус.

Тој потпиша четиригодишен договор со Јувентус.