Во канадското фудбалско првенство се случи ситуација која најверојатно, се гледа еднаш во животот. Потегот на Вилијам Акио, од екипата на Валор не може да се опише поинаку освен како најголемото промашување во историјата на фудбалот.
На средбата меѓу Валор и Вондерерс, по 17 минути игра, домаќините имаа контра по која Алесандро Риџи ја шутна топката во празниот гол. Таа дури и ја мина гол-линијата – не со целиот свој обем – и повторно не беше гол! Причината е несфатливиот потег на неговиот соиграч Вилијам Акио, кој ѝ налета на топката да ја „дошутира“ во празната мрежа, но наместо тоа ја изби надвор од голот како да е првокласен дефанзивец.
Вакво нешто тешко е да се изведе и за одбранбен фудбалер, камо ли за играч кој сака да постигне гол. Освен ако не сакал, се разбира.
На крај, Валор, сепак, го доби дуелот со 1-0 и правдата беше задоволена.