Довербата во 18 годишниот Феликс Афена Гјан му донесе малку мир на Жозе Мурињо на клупата на Рома, откако токму тоа момче со два гола во последниот период од мечот донесе победа од 0:2 над Џенова на нашиот Горан Пандев.
После ваквиот перформанс на момчето кое влезе во 75-тата минута, а беше прецизен само седум минути подоцна, а потоа и во 94-тата, сигурно ќе го однесе на насловните страни во италијанските и светските спортски медиуми.
А посебно сигурно ќе се гледа вториот гол на Афена Гјан, оној во 94-тата минута за заверување на победата на римскиот клуб. Вистински еврогол, преубав шут од далечина кој беше недофатлив за Салваторе Сиригу на голот на Џенова.