Натпреварот меѓу Лион и Марсеј во рамките на 14. коло во францускиот шампионат беше прекинат во втората минута при резултат 0:0. Еден од навивачите на Лион со шише го удрил во глава гостинскиот играч Димитар Паје. Судијата потоа ги испрати играчите во соблекувалната.
Полицијата веднаш го пронашла навивачот кој го фрлил шишето и го извадил од стадионот. Пред тоа, истиот навивач имаше блиска средба со лидерот на навивачите на Лион, кој му удри жестока шлаканица пред сите на трибините.
https://twitter.com/stvrkimback/status/1462515257038016523?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1462515257038016523%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-vodja-lyonovih-navijaca-lupio-samar-huliganu-koji-je-bocom-pogodio-payeta%2F2320030.aspx