Рома целосно го надигра противникот, а првпат на мечот ја затресе мрежата преку Тами Абрахам во 16. минута, но голот беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата.
Избраниците на Жозе Мурињо напаѓаа кон голот на Џенова и се обидуваа да дојдат до победата, а тоа конечно им успеа во завршницата кога Феликс Афена-Гиан постигна два гола, и тоа во 82. и 94. минута.
Рома со триумфот се искачи на петтата позиција во Серија А и сега има 22 бода, односно три помалку од четвртопласираната Аталанта.