Моќниот Баерн доживеа голем неуспех на својата Алијанц Арена откако беше исфрлен од шпански Виљареал во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Скромниот резултат 1:1 на домашен терен ги чинеше елиминација на ѕвездите на Баерн бидејќи Виљареал беше подобар со 1:0 во првиот натпревар.
Така харизматичниот тренер Унаи Емери го надмудри својот колега Јулијан Нагелсман.
Да потсетиме, Баерн водеше со 1-0 против Виљареал се до 88. минута кога Чуквуезе од единствениот удар на гостите кон голот постигна гол за пласман понатаму на својот тим.
„Клучен беше натпреварот во Шпанија, таму не бевме доволно добри. На реваншот го одигравме нашиот најдобар натпревар во последните неколку недели“, изјави по натпреварот тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, додавајќи дека жали за промашувањето на Томас Милер за 2:0.
„Да, Томас мораше да постигне гол. Вакви можности не се случуваат често на ваков натпревар…“, накратко додаде Нагелсман, кој беше критикуван и за замената во клучните моменти од мечот кога наместо Лукас Ернандез го внесе бекот Алфонсо Дејвис на стоперската позиција. На крајот се покажа дека голот беше постигнат токму преку Дејвис. Секако чудна замена која многу ги налути некои навивачи. Посебно откако Баерн отпадна.
Морав да го сторам тоа бидејќи Лукас се повреди. Ми требаше брз играч на таа позиција бидејќи пред тоа тие го ставија многу брзиот Самуел Чуквуезе“, се обиде да се оправда Нагелсман.
Но, немаа среќа и од единствениот удар во рамката од голот на Виљареал падна гол кој го однесе шпанскиот тим во Лигата на шампионите.