Ракометната федерација на Македонија(РФМ) ги изрече казните за инцидентот на дуелот меѓу Тиквеш и Охрид од последното коло.
По натпреварот од седмото коло во Суперлигата, кој заврши со победа на Тиквеш, настана турканица и истата што беше причина судиите да реагираат во записниците.
- На ГРК Тиквеш 2014 – Кавадарци, му се изрекува парична казна од 60.000,00 денари и забрана за одигрување на натпревар во присуство на публика, на 2 натпревари.
- На Радослав Стојановиќ, тренер на ГРК Охрид, лиценца бр. 5020, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана за настап од 1 натпревар.
- На Михајло Младеновиќ, играч на ГРК Охрид, лиценца бр.258, му се изрекува дисциплинска санкција, забрана за настап од 2 натпревари.
Санкционираните лица и клубови имаат право на жалба на оваа одлука на РФМ, која треба да ја достават во рок од осум дена.