Ракометарите на Вардар ја остварија првата победа од СЕХА-лигата, во дуелот против Партизан. Иако важеше за апсолутен фаворит, на теренот имаше доза неизвесност, доволно за натпреварот да биде интересен и да се вклопи во одличната атмосфера на трибините во „Јане Сандански“, која ја приредија Комити.
Петкратниот шампион во СЕХА славеше со 31-26, и во второто полувреме направи солидна разлика и се одлепи од мотивираниот ривал.
Дејан Манасков со девет гола беше прв стрелец, седум постигна Филип Талески, а толку имаше и Столе Стоилов. Мартин Томовски запиша 13 одбрани, а неговиот колега Трнавац кај белграѓаните имаше 14 одбрани, Зечевиќ постигна 7 г0лови.