Македонија се чини дека немаше среќа на денешната ждрепка во Љубљана. Имено за ривали во групата Ц, на ЕП ракометно првенство кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември, во Скопје во салата „Борис Трајковски“ нашата женска репрезентација ќе ги одмери силите со Франција, Холандија и Романија.

За тоа како ја оценува денешната ждрепка, свој коментар има Љубомир Савевски, нашиот селектор…

“Не знам како би ја коментирал ждрепката. Навистина добивме најсилни и најатрактивни ривали. Немаше можност нешто овде да посакуваш. А и ако посакуваш, како Швајцарија на пример би можел да загубиш. Јасно е дека ние мора максимално добро да се подготвиме, да видиме каде сме, да видиме колку можеме да се носиме со овие репрезентации. Секако и да видиме дали можеме во иднина нешто и да постигнеме“ заклучи Савевски.