Овој викенд на програмата се натпреварите од 11. коло во Третата фудбалска лига/Југозапад.

Лидерот на табелата Караорман на својот стадион ја пречекува третопласираната Македонија од Враништа и секогаш како и до сега се очекува возбудлив натпревар на двете струшки екипи.

Пред натпреварот изјава за СпортПрес даде тренерот на Караорман, Илче Перески.

“Ја заборавивме победата над Црно Буки и сега сме подготвени за овој натпревар. Нема да се олабавиме и ќе го дадеме максимумот за трите бода да останат на нашето конто. Одиме од натпревар во натпревар и сега целиот фокус ни е на утрешниот натпревар со Македонија” – изјави Перески.

“Им благодарам на навивачката група која се врати на фудбалскиот терен, и ќе ми биде мило да ги видам во што поголем број на трибините.” – дополни предводникот на Караорман.

Натпреварот е закажан за утре (сабота) со почеток во 13:00 на Градскиот стадион во Струга.

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозЕкипаPWDLFAGDPts
11211104510+3534
2128223918+2126
3117132522+322
4115602812+1621
5126332820+821
6114432920+916
7124443129+216
8114072125-412
9123272225-311
10122462134-1310
11112361327-149
121220101352-396
1311128929-205