Дефанзивецот на екипата на Порто, Пепе, е највозрасниот играч кој играл во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Пред 10 месеци | Фудбал
Дефанзивецот на екипата на Порто, Пепе, е највозрасниот играч кој играл во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Португалецот, кој беше на теренот цели 90 минути во победата од 1-0 против Арсенал, има 40 години и 360 дена.
Во исто време, суперталентираниот крилен напаѓач на Барселона, Ламин Јамал, со 16 години и 223 дена, стана најмладиот дебитант во плеј-офот во Лигата на шампионите. Шпанецот одигра 80 минути во ремито 1-1 на тимот на гостувањето кај Наполи.
Сезонава Јамал има пет гола и седум асистенции на 35 натпревари за каталонците.