Севилја минатата лето не ги прифати понудите од Челси за Жил Кунде, но се чини дека во овој преоден рок ќе му дозволи на Французинот да си замине.
Андалузијците ја одредија и цената на стоперот, а тоа е 65 милиони евра. Ниту една понуда од заинтересираните клубови под оваа цена воопшто нема ниту да се разгледува.
Се очекува Челси повторно да влезе во трка за Кунде, бидејќи тимот летово го напуштија Андреас Кристенсен и Тони Рудигер. Кунде е на „радарот“ и на Барселона, но ривалот од „Камп Ноу“ понуди двајца играчи како размена и обештетување од 20 милиони евра. Ова не е доволно добра понуда за Севилја, па се очекува Французинот од следната сезона да игра во Премиерлигата, најверојатно во Челси.