Калин Ивановски нашиот најдобар тенисер, денеска одигра речиси 6,5 часа на терен на двата меча, осминафинале и четвртфинале. Оствари победи и во двата дуели, и со тоа се пласира во полуфинале на ИТФ фјучерсот во Монастир (Тунис).
Прво во текот на претпладнето во драматичен меч го доби Пичоне од Италијa со 2:1 сетови, а попладнево во 1/4 финале беше подобар и од Иначоне од Италија, исто со 2:1 во сетови.
Првиот сет го доби со 7:5, вториот го загуби со 2:6, за во третиот и решавачки сет буквално го демолира Италијанецот со 6:1.