Шведска не успеа да победи на гостувањето во Шпанија со тоа остана на второто место во групата.

Голот за победа го постигна Алваро Мората во 86. минута.

Но потегот на Ибрахимовиќ кога намерно со рамо го разнесе Азпиликуета крена прашина дали Швеѓанецот заслужи можеби и црвен картон. За овој неспортски потег Златан доби само жолт картон.