Судијата Фалкон Перез реши да покаже кон центарот и да го потврди голот на Лема за Ривер Плата против Бока Јуниорс и започна големо славје на „Монументал“. Сепак, набрзо стигна повик од ВАР собата и голот беше поништен. Во Аргентина не се користи технологија на гол-линијата, а забавената снимка не покажува дали тоа било гол или не.
Оваа одлука на крајот имаше значително влијание врз конечниот исход на натпреварот, бидејќи голот на Ривер беше поништен при резултат 1-1.
Употребата на технологијата на гол-линијата чини четири милиони евра по сезона и ова е најверојатната причина зошто таа не се користи во Аргентина.