Како тоа да беше малку, пет минути подоцна Кеш играше со рака во шеснаесетникот, а Митровиќ го претвори пеналот во гол за 2-0. Агонијата продолжи докрај, бидејќи во 83. минута, по шутот на Кабано, топката се одби од Мингс, директно во празниот дел од мрежата на голманот Мартинес за конечни 3-0. Ова е втор пораз по ред за Астон Вила, која нема победа веќе четири меча во Премиерлигата и се наоѓа на 17. место на табелата, со девет бода, колку и Вулверхемптон, кој е во зона за испаѓање.

Затоа веќе се шпекулира дека Стивен Џерард можно е да не го дочека викендов или, во најдобар случај, би добил отказ по него.
https://twitter.com/DEANFOOTBALL1/status/1583190340651347972?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583190340651347972%7Ctwgr%5E3d354c5e64b40333498a1c650579f9bb24fdd35b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Ffulam-mozhebi-mu-udra-kloca-na-dzherard-lester-siguren-so-lids-video