Иако почна маестрално и направи 19 разлика во првото полувреме (28-47), селекцијата на Светислав Пешиќ, изгледа пред време прогласи победа, па дозволи да биде шокирана кон крајот. Турците ја добија третата четвртина со 27-18, а во четврттата целосно го „ресетираа“ резултатот доаѓајќи на 72-72 на две минути до крајот.
Сепак, Калиниќ постигна тројка, Гудуриќ имаше мирна рака од линијата за слободни фрлања, а Јокиќ го постигна последниот кош и тоа со офанзивен скок. Тоа беше негов 24. поен, покрај 10 скока, а најголема помош имаше токму од Гудуриќ и од Калиниќ со по 14. „Охриѓанецот“ Џеди Осман ја предводеше Турција со 24 коша.
Со овој успех, Србија дојде на скор 3-3 во победи и порази и се изедначи со Белгија, која вечерва беше декласирана во Атина со 85-68. Јанис Адетокумбо беше најкорисен кошаркар со 26 поени, а Дорси го следеше со 22. Сепак, во моментов Белгија е пред Србија на табелата, затоа што има подобар меѓусебен скор, поради двете победи од минатата, втора етапа од квалификациите. Затоа Белгијците се трети, Србите четврти, а Грција е втора со ефект 4-2, држејќи приклучок до Летонија, која остана на само еден пораз од шест меча, со триумфот во Велика Британија, со 87-80.
Во другата група, Германија е во слична ситуација со 7-1 на првото место, откако денеска ја надигра Словенија со убедливи 90-71. Само Дончиќ беше расположен за игра кај гостите и постигна 23 поени, а го следеа Шредер со 17 и Вагнер со 16 од домашниот состав. Во таа група Финска е втора, исто така со скор 7-1, отка денеска се израдува во Естонија со 76-68, Словенија е трета (5-3), а следуваат Шведска, Израел и Естонија.