Кошаркарите на белградски Партизан ја забележаа првата победа во новата евролигашка сезона. Тие на гостински терен го растурија францускиот претставник Асвел Лион со 26 поени разлика, односно 62-88.

Црно-белите од Белград ги добија сите четири четвртини и не му оставија ниту грам надеж на противникот да се надева на поволен резултат од овој натпревар.

Најефикасен во редовите на Партизан беше Нанали со 17 поени, Ледеј 13 со 7 скока, а Смаилагиќ додаде 12 кај екипата на Партизан.

Кошаркарите на Панатинаикос го забележаа првиот триумф во новата сезона во Евролигата победувајќи во „ОАКА арената“ над Баерн Минхен со 78:71. Басконија се враќа со победа од гостувањето кај Алба со 91:86, додека Реал (М) успеа да слави на гостувањето кај Анадолу Ефес со 103:80.