Фудбалерите на Шпанија успеаја да ја победат Шкотска со 2-0 во Севилја и се вратија во игра за првото место во групата, нанесувајќи му го првиот пораз на ривалот дури во шестото коло. Алваро Мората во 74.минута го отвори резултатот, а Охио Санцет го потврди триумфот.
Албанија ја прегази Чешка со 3-0 и е на чекор до пласман на ЕВРО 2024. Јасир Асани го постигна првиот гол, а Таулант Сефери зголеми на 2-0, а истиот фудбалер кој е родум од кумановско, го постигна и третиот гол за албанската репрезентација.
Хрватска загуби во Осијек од Турција со 0-1. Бурак Јилмаз беше стрелец на голот за Турците во 30.минута од натпреварот.
Ерлинг Халанд беше стрелец на два гола во триумфот на Норвешка од 0-4 на гости против Кипар. Сорлот и Аурснес исто така ја погодија противничката мрежа.