Фелипе Кутињо пред две недели беше позајмен во Астон Вила до крајот на сезоната со опција за откуп од Барселона за 40 милиони евра.
Под водство на поранешниот соиграч Стивен Џерард, критикуваниот бразилски ас експресно и спектакуларно воскресна. Во првиот настап за Вила, за само 22 минути, асистираше за првиот и го постигна вториот гол.
Вчерашниот натпревар за Вила е и негов најдобар. За само 13 минути тој постигна еден убав гол и асистираше за два гола во ремито 3:3 против Лидс.
„Ако не ви се допаѓа да го гледате Кутињо, треба да престанете да гледате фудбал бидејќи ова негово шоу беше апсолутно прекрасно“, рече менаџерот на Вила, Стивен Џерард по натпреварот.