Европскиот шампион во кошарка во Евролига, Реал Мадрид приреди огромно изненадување, совладувајќи го Далас Маверикс во егзибициски натпревар во Мадрид.
Шпанскиот гигант победи со 127-123, благодарение на неверојатниот пресврт во последната четвртина во која постигна 37 поени, а Кампацо, Јабуселе и Поарие беа главни актери во тој спектакл. Во тие 12 минути, Кампацо реализира 14 од своите 20 поени, Јабуселе додаде 9, а токму со неговата тројка, Реал успеа да израмни на 118-118.
На стартот од последната четвртина, Далас имаше 12 поени предност (102-90), на средина од периодот водеше со +11 (112-101), а потоа Реал направи 26-11 за конечна победа и еуфорија во Визинк центарот. За Реал ова е трета победа во историјата против НБА екипи и на најдобар начин го оправдаа епитетот европски шампион.
Лука Дончиќ на овој натпревар одигра само пет минути бидејќи така одлучи стручниот штаб на Маверикс предводен од Џејсон Кид. Во негово отсуство, најефикасен беше Тим Хардавеј со 21 поен. Далас во подготвителниот период има биланс 0-3 откако претходно два пати загуби од Минесота во Абу Даби.