Словенија славеше против Шведска со 84-81 во Стокхолм со што обезбеди место во втората фаза од квалификациите за Светското првенство (СП), а притоа ѝ помогнаа на Хрватска.

Словенците стигнаа тешко до победата, но сепак Лука Дончиќ и Горан Драгиќ блеснаа на паркетот, па така ѕвездата на Далас маверикс постигна 31 поен, 10 скокови и шест асистенции, додека неговиот сонародник даде 20 поени.

Финска има 4-1 и обезбеди пласман во следната фаза, како и Словенија, додека Шведска ќе оди во втората фаза ако Хрватска не слави против Финска на домашен терен.