Веројатно најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ продолжи со фантастичните настапи по Ол стар викендот.

Денвер Нагетс триумфираше во дуелот со Сакраменто Кингс со 117-96, а српскиот репрезентативен центар го оствари четвртиот трипл дабл во низа. Дуелот го заврши со 14 поени, 14 скока и 11 асистенции и ја доби битката со Домантас Сабонис кој, сепак, останува рекордер по бројот на трипл дабл натпревари оваа сезона со 21. За Денвер беше важно да го победи Сакраменто бидејќи загуби на последните три дуели со овој тим, а можно е со него да игра во плејофот.

 

Ова беше четврти триумф по ред за Нагетс изразен со над 15 поени разлика (сите по Ол стар викендот) и четврти на кој Јокиќ остварува трипл дабл пред крајот на третата четвртина. Со ова, Србинот стана четврти играч во историјата на НБА кој остварувал по четири трипл дабл натпревари, најмалку четири пати во кариерата.

 

Во неговиот тим најефикасен беше Џамал Мареј со 32 поена и одличен шут од игра (13/15). И кај Сакраменто прв стрелец беше Мареј, но Киген со 21 поен. Сабонис ја продолжи својата серија со дабл дабл натпревари постигнувајќи 13 поени и 10 скока на кои додаде и 7 асистенци