Реал Мадрид е новиот европски кошаркарски првак, откако во неверојатно драматично финале, успеа да го победи Олимпијакос со 79:78. За Кралскиот клуб ова е 11 европска титула, со што само потврдија зошто се најтрофејниот клуб во Европа.
Олимпијакос водеше во поголем дел од мечот. Грците тргнаа добро и во првата четвртина водеа и со 12 разлика (24:12). Реал брзо се врати и потоа неизвесноста траеше до крајот.
Олимпијакос водеше со 78:72 на една минута до крајот, но Реал не само што не се предаде туку и направи пресврт и на крајот победи. Родригез погоди тројка да намали на 77:78, а во последниот напад на Реал, одговорноста ја презема легендарниот Серхио Љуљ. Иако до тој момент немаше постигнато ниту еден поен, Љуљ ја презеде одговорноста да шутира за титула и погоди на 3,1 секунди до крајот.