Асколи и Парма одиграа нерешено 0:0 во 16 коло од Италијанската Серија Б
Гледавме многу изедначен натпревар на стадионот Чино е Лило Дел Дука, а во 85. минута домаќинот можеше да ги однесе трите бода.
Сепак, на голот на Парма се истакна легендарниот Џанлуиџи Буфон и 43-годишникот покажа дека навистина не е за старо железо.
Домаќинот го заврши натпреварот со 10 играчи бидејќи Салви доби втор жолт картон во судиското надополнување.
Асколи е на седмото место со 26 бодови, додека Парма е на 15. место со 19 бодови.
Во следното коло Асколи ќе игра против Читадели, додека Парма ќе се сретне со Перуџа.