После 71 ден откако на стартот на сезоната Удинезе загуби од шампионот Милан со 2-4, за калчолигашот од Удине заврши најдобрата серија во историјата на клубот во Калчото, па денеска Торино после повеќе од два месеци им го нанесе првиот пораз со триумфот на „Дачија Арена“ со 2-1
Удинезе имаше серија од девет меча без пораз со шест победи и три ремија, па денеска остана на досегашните 21 бод и тоа откако Пјетро Пелегри даде втор гол за водство на Торино после асистенција на Немања Радоњиќ во 69-та минута од мечот.
Нигериецот Ола Аина во 14-та минута донесе водство за „биковите“, а Жерар Делофеу во 26-та израмни. За Удинезе во последните девет минути играше и екс-македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој доби шанса од 81-та минута.