Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оствари убедлив триумф (6-0) над Борец во четвртото коло од Втората фудбалска лига. Двоен стрелец беше Дарио Десниќ, а погодија и Христов, Жоглев, Величковски и Маркоски.
Гостивар славеше на гостувањето кај Пелистер со 1-3 во дербито на ова коло. Каланоски, Рамадани и Велинов беа стрелци за гостиварци, додека Дуков погоди за домаќинот.
Воска стигна до четвртата победа, славеше над Беса на домашен терен со 2-1. Изаир Емини и Бехар Фета беа стрелци на головите за домаќинот.
Кожуф оствари триумф над Детонит Плачковица со 2-0. Костадинов и Кочев беа стрелци на головите. Арсими го победи Охрид со 1-0, а Слога Виница и Каменица Саса ремизираа 1-1. Тетекс славеше над Караорман со 2-1.