Германија беше доминантна во првите две четвртини, на полувреме дојдоа до џиновски плус 24 (48-24), а на стартот на третиот период дојдоа и до најубедливите 27 разлика (51-24), по што застанаа, а Црна Гора за десет поени ја намали разликата на крајот на третиот период (67-50), за во последната четвртина да дојдат само на пет поени негатива со серијата 14-2.
Сепак Црна Гора предводена од извонредниот Кендрик Пери немаше сила за епски пресврт, Германците успеаа да ја држат разликата помеѓу седум и девет разлика, а во завршницата Црногорците стигнаа до само три поени на 26 секунди, но намерниот прекршок на Пери го реши мечот и не дозволи да го бранат последниот напад на Германија и евентуално да имаат шанса со тројка за продолженија. На крајот Германците со пет поени по неспортскиот прекршок го завери триумфот.
Пери мечот го заврши со 25 поени и шест асистенции, а Дубљевиќ имаше 22 поени и седум скока. Кај Германија, Денис Шредер беше предводник со 22 поени, осум асистенции и четири скока, а Вагнер погоди 14, додека Ло постигна 13 поени.