Францускиот репрезентативец Коман, кој им ја донесе и последната европска титула на Баварците во Лисабон во 2020 година против ПСЖ, повторно го реши својот бивш клуб и тоа само благодарение на лошата реакција на Џиџи Донарума, кој можеше да го одбрани волејот на офанзивното крило после центаршутот на Алфонсо Дејвис во 53-та минута.

https://youtu.be/FF7AiMZfQ2o

Дербито на великаните, не понуди премногу добар фудбал, Баерн искористи една од двете шанси на мечот, а ПСЖ беше  без идеја цели 75 минути, по што се разбуди, но канонадата од напади во завршните десетина минути не успеаа да ги спасат од пораз, иако Килијан Мбапе даде гол на девет минути пред крајот, но беше поништен поради офсајд на Нуњо Мендеш. Лионел Меси и Витиња потоа имаа две одлични шанси, кои не ги реализираа,  парижаните сега ќе мора да се вадат на гостувањето на „Алијанц Арена“ на 8 март.

Брахим Дијаз уште во многу раната фаза, во седмата минута даде гол за водство на Милан и тој гол им донесе победа и предност за реваншот на „Вајт Харт Лејн“ против Тотенхем. Натпреварот беше рамноправен, а Милан имаше уште две шанси преку Шарл Де Кетеларе и Рафаел Леао  и за поголема победа во завршните 20-на минути од мечот.

https://twitter.com/Imranestore/status/1625606561073602576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1625606561073602576%7Ctwgr%5E76ba32ad54a62cd77f6cafc459086296bade7769%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fkoman-povtorno-beshe-koben-za-svojot-poraneshen-tim-milan-odi-na-revanshot-vo-london-so-gol-prednost-video%2F