Грците слават историски успех. Грчкиот фудбал оствари уникатен триумф во натпреварувањата на УЕФА. Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија младинската Лига на шампиони, откако во финалето го совладаа италијанскиот Милан со 3-0.
Титулата е историска за целиот грчки фудбал, бидејќи е прва за клупски тим од оваа земја во историјата на УЕФА. Олимпијакос постигна три голови за шест минути во вториот дел.
Ова беше десетто издание на младинската Лига на шампиони, во која најуспешни се Челзи и Барселона со по две титули, додека Бенфика има рекордни четири настапи во финалните пресметки, а само еднаш го освои пехарот.