Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ е ново големо засилување на сплитски Хајдук, од каде дојде од Верона.
Вечерта пред доаѓањето на Никола Калиниќ во Хајдук, поранешниот напаѓач на Фиорентина и Милан играше за Верона против Јувентус, влегувајќи од клупата за резерви.
Два дена подоцна, Никола Калиниќ дојде на „Пољуд“, пред бројни медиуми, со изјава која ги воодушеви сите и предизвика големо внимание, но и смеа.
„Играв против Јувентус, но најмногу мислев на Славен Белупо. Исто така лошо спиев, цело време мислам на натпреварот кој не очекува во недела“, изјави Никола Калиниќ.
Хајдук во моментов е четвртопласирана екипа на ХНЛ со пет бода помалку од Динамо.