Роналдо со екипата на Ал Наср денеска славеше со 3-1 против Ал Етифак во 18. коло од првенството во Саудиска Арабија, а португалецот го постигна неговиот 870. гол во кариерата.

Алекс Телес погоди за 1-0 во 34. минута, додека водството го зголеми Марсело Брозовиќ во 59. минута, а Кристијано Роналдо од пенал погоди за 3-0.

Гостите до крајот на натпреварот погодија преку Ал Кувајкиби и намалија на 1-3.

Ал Наср во моментов е на втората позиција во првенството со 40 бодови, односно 10 помалку од лидерот Ал Хилал.