Репрезентацијата на Аргентина обезбеди четвртфинале на ОИ, откако ја совлада селекцијата на Украина со 2-0.
Победникот беше одлучен во второто полувреме, а творци на триумфот за „гаучосите“ беа Алмада во 47. минута и Ечевери, кој погоди во последната минута од регуларното време. Украинците имаа свои шанси, четири пати се обидоа во рамките од голот, но не успеаја да постигнат ниту почесен гол.
По неочекуваниот пораз од Мароко, Аргентинците успеаја со две победи во групната фаза да го обезбедат второто место и сосема заслужено обезбедија пласман меѓу осумте најдобри на фудбалскиот турнир во Париз.
Мароко исто така ја потврди фаворитската улога и славеше со убедливи 3-0 во дуелот против репрезентацијата на Ирак. Сите три гола беа постигнати во првите 45 минути, а стрелци беа Ричардсон, Рахими и Езалзули Абде. Со овој триумф, африканската селекција го задржа првото место во групата.