Аргентинецот поради повреда на Ахиловата тетива нема да биде во составот за следниот првенствен натпревар против Анжи, а дополнителните прегледи ќе бидат направени за 48 часа, односно во четврток.
Меси пропушти вкупно десет натпревари во Лига 1 оваа сезона поради инфекција со вирусот СОВИД-19, повреди и настапи за националниот тим на неговата земја.
Да потсетиме, Лионел Меси летово се пресели во ПСЖ по 21 година минати во Барселона и на 21 натпревар во Лига 1 постигна само три гола, но додаде и 13 асистенции.
Тој постигна многу подобар голгетерски учинок во Лигата на шампионите, каде постигна пет гола, но неговиот тим беше запрен во осминафиналето на тоа натпреварување кога беше исфрлен од Реал Мадрид.
ПСЖ утре од 21 часот ќе игра против Анжи во 33.коло.