Светското првенство во Катар ќе биде многу специфично со оглед дека доаѓа среде сезона, па голем дел од фудбалерите и ќе го пропуштат дури и ако имаат најобична повреда.
Последен во низата кој се повреди е играчот од средниот ред на Вилјареал и аргентински репрезентативец, Џовани Ло Селсо.
Тој заработи повреда на мускулот за која доби препорака од Вилјареал и неговиот матичен клуб Тотенхем да оди на операција. Секојдневно оди на терапија за да ја избегне, но вестите не се добри за селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони.
Во најдобар случај, Ло Селсо би можел да биде подготвен за евентуалниот четвртфинален натпревар на „гаучосите“ на Мундијалот.
Ло Селсо е стандарден репрезентативец на Аргентина и за оваа репрезентација има одиграно 41 натпревар.