Во меч од 16.коло во Серија А, вечерва Јувентус ја оправда фаворитската улога и успеа да ја победи Џенова со 2:0.
Со тоа ја остави Џенова во опасната зона за испаѓање од Серие А.
Горан Пандев влезе во игра во 58.минута. Учествуваше во неколку акции пред голот на “старата дама”, но не успеа да ја затресе мрежата.
Куадрадо му донесе водство на Јуве уште во 9.минута со прекрасен гол од корнер, а во 82.минута Дибала убаво се снајде пред голот на гостите и зголеми на 2:0.
Standings provided by SofaScore LiveScore