Екипата на Реал Мадрид претрпе пораз од Барселона од 1-0 во пријателската средба што се одржа во Лас Вегас.

Ова беше дуел кој донесе шанси на двете шанси, меѓутоа падна само еден гол кој беше дело на Рафиња во првото полувреме. Еден од „виновниците“ за овој резултат беше голманот на „кралевите“ Тибо Куртоа кој имаше неколку одлични инверенции, меѓутоа и со нив Реал не успеа да избегне пораз против вечниот ривал.

Сепак за Куртоа крајниот исход не е важен на овие мечеви, односно верува дека ќе се покажат кога ќе биде најпотребно.

-Очигледно не можете да извлечете премногу заклучоци. Некои тренираат две недели, а други тренираат само една недела. Најважно е да влеземе во ритам, да почнеме со добар интензитет што во другите години го немавме.

-За прв натпревар беше добро. Единствено што не дадовме погодок, тие дадоа одличен гол. Ја погодивме гредата и тие имаа една која отиде во горниот агол. Во претсезоната резултатот не се брои. Се сеќавам кога загубивме со 7-3 од Атлетико Мадрид, а потоа двапати ги победивме и ја освоивме лигата таа сезона.

-Резултатите сега не кажуваат многу. Секако оти повеќе би сакале да победиме, особено пред навивачите во САД, ама ова е прв натпревар и моравме да влеземе во ритам. Не ни се допаѓа поразот, но не треба да го сфатиме премногу драматично, -порача Тибо.