Повратникот во Чемпионшип дивизија, тимот на Лидс Јунајтед, извојува убедлива победа на гости кај Питерборо во рамки од ФА Купот. „Белите“ од Јоркшир победија со 0-3, а маестрален гол постигна поранешниот репрезентативец на Англија, Патрик Бамфорд.

Некогашната надеж на Челзи во 47. минута ја прими топката на гради и од преку дваесет метри со волеј удар постигна навистина прекрасен гол.

 

Медиумите од Англија пишуваат дека овој гол е еден од најубавите некогаш постигнати во ФА Купот.