ПСЖ пред неколку дена ја освои првата титула со Луис Енрике во неговата етапа во Франција, а францускиот шампион го декласираше Ревел во националниот куп и успеа да слави на гостувањето со неверојатни 0:9.
Енрике извади силен тим и во стартната постава беше и Мбапе, кој како лидер на теренот успеа да постигне хет-трик.
Убедливо највпечатлив беше неговиот втор гол по асистенција на Марко Асенсио, а магијата на Шпанецот направи овој гол да се врти во Франција во текот на целата ноќ.
Магијата која ја изведоа двајцата навистина не се гледа често на фудбалските терени, па тоа беше убедливо најдобриот потег на натпреварот.
Покрај двете асистенции до Мбапе, Асенсио постигна и еден гол, а во листата на стрелците се запишаа и Рамос, Ндур и Коло Муани (два).