Македонскиот фудбалер Илија Несторовски доби шанса во второто полувреме од мечот меѓу Удинезе и Кротоне во италијанскиот Куп, кој го добија домаќините со убедливи 4-0.

Удинезе постигна три гола во првото полувреме и еден во второто за целосно да го распарчи гостинот и да обезбеди осминафинале во Купот, каде што закажа пресметка со Лацио.

Несторовски влезе во игра во 64. минута и остана на теренот до крајот на мечот, но не успеа да се запише во листата со стрелци.