Баварците немаа милост за денешниот ривал, па испукаа „петарда“ во мрежата на Штутгарт, која почна да се тресе од 40. минута, кога прв во листата на стрелци се запиша Серж Гнабри.
Истиот фудбалер стрелаше и за 2-0 во 53. минута, по што Роберт Левандовски за само три минути постигна два погодоци за водство на Баерн од високи 4-0.
Триумфот на гостинскиот тим го комплетираше Гнабри со неговиот трет гол и така потврди уште еднаш дека се наоѓа во фантастична форма.
Баерн во моментов е прв со 40 бода, односно девет повеќе од Борусија Дортмунд и 13 повеќе од Баер Леверкузен.