Фудбалерите на селекторот Дашмир Беари, кои го победија Гибралтар дури после пенал-рулет со 4-3 по реми без голови во регуларниот дел, а загубија минимално од Бугарија со 0-1, денеска го демолираа Косово и тоа со четири гола во второто полувреме.
Македонија дојде до предност две минути пред полувремето кога Един Етоски погоди во косовската мрежа, а само што почна вториот дел Адми Латифи ја дуплираше предноста, а две минути потоа Етоски го постигна својот втор гол на натпреварот.
За убедливиот триумф се погрижи Стефан Младеновски со два гола во завршницата во само 60 секунди, прво во 77-та минута, а потоа во 78-та. Косовците до крајот успеаа да постигнат почесен гол.