Бахтијор Зајнутдинов во 73-та минута од пенал погоди и ги врати надежите, а потоа во три минути во завршните четири од мечот се случи целосен пресврт. Аскат Тагиберген во 86-та израмни со спектакуларна бомба која уште повеќе им даде енергија на Казахстанците, а Абат Ајмбетов минута пред регуларниот дел донесе предност и на крај победа.
Ајмбетов во судиското надополнување беше и исклучен, во петтата минута, но беше предоцна Данска да ја искористи бројчаната предност за да се избори барем за бод. Казахстан со победата, се извади за поразот со пресврт од Словенија во првото коло со 1-2, па сега на табелата, четири тима имаат по три бода, но С. Ирска и Словенија допрва ги чекаат вечерва мечевите со Финска односно Сан Марино.