Тоа беше голчиште, мајсторија каква што не е видена во Лига Европа од формирањето на ова натпреварување, со оглед што беше постигнат со луциден лоб-удар и тоа речиси од мртов агол.
Водството на гостите траеше до точно половина час од средбата, кога домашниот тим изедначи со погодокот на Фекир. Но, само две минути подоцна, Камада донесе нова предност на тимот од Германија и за конечен резултат од 1:2.