Бетис постигна гол преку Џони Кардосо во 39. минута, но погодокот набрзо беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.
Во второто полувреме гостинскиот состав беше опасен кон голот на „кралевите“, меѓутоа резултатот не се менуваше до крајот на средбата.
Реал Мадрид ја освои лигата со 95 бодови, додека Бетис заврши на седмата позиција со 57 бода.
Реал Мадрид ја освои титулата со само еден пораз во сезоната и двоцифрена предност на врвот пред Барселона, додека Бетис од седмата позиција ќе оди во Конференциската лига.
Покрај Тони Крос, од публиката во Мадрид се прости и Кепа Арзабалага, кој доби шанса да брани околу триесетина минути, откако го замени Тибо Куртоа.