Македонската фудбалска легенда Горан Пандев играше за Тимот на светот, кој го предводеше Жозе Мурињо, а одигра ревијален натпревар во Букурешт против „златната генерација“ на Романија, на чело со Хаџи, Попеску, Белодедиќ, Молдован…
За Тимот на светот играа светски фудбалски великани како Ривалдо, Стоичков, Панучи, Дида, Маикон, Џовани, Кандела, Карагунис, Нуно Гомеш, Пандев…
Гранде Пандев постигна гол, а Романија на крајот победи со 3-2.
Како и секогаш, на крајот Жозе Мурињо го имаше потегот на вечерта. Тој објави стори на Инстаграм со Горан Пандев и напиша „Македонскиот крал“.