Миланските гиганти заедно со Наполи се во тесна битката за титулата. Наполи во недела ќе му гостува на Милан, по што ќе стане јасно каква е ситуацијата меѓу конкурентите. Милан има предност во однос на градскиот ривал Интер.
Милан на денешниот дуел влегува со две последователни ремија, додека Интер е без победа на последните 4 натпревари од кои на три не постигна ниту гол. Ова го прави денешниот натпревар особено значаен, особено што реваншот е дури на 20 април. Успехот вечерва, како и севкупниот во полуфиналето ќе му дадат на победникот неисцрпен психолошки допинг.
Стефано Пиоли може да си дозволи дури и повнимателна тактика, бидејќи на противникот едноставно не му преостанува ништо друго освен да ризикува. Огромното мнозинство стручњаци продолжуваат да ги сметаат „нероаѕурите“ за главни фаворити за титулата, но тоа не им помага на момците на Симоне Инзаги.
Во Милан единствен проблем е суспензијата на Сандро Тонали. Во оваа ситуација неговото место покрај Франк Кеси ќе го заземе Исмаел Бенасер. Пиоли има двоумење за десно крило во нападот меѓу Алексис Салемакерс и Жуниор Месијас. Браим Дијаз е алтернатива за Оливие Жиру, а во игра е и Раде Круниќ.
Добрата вест во Интер е поврзана со Робин Госенс и Хоакин Кореа, кои се приклучија во тимот. Интер ќе се обиде во ова полуфинале да го скрши 10-годишното проклетство, во кое тимот беше елиминиран во полуфиналето 4 пати.